ВИДЕО: Мајка и четири деца изгореа во пожар во Тетово

Од:

Голема трагедија изутринава ги вознемири жителите на тетовската „Горна чаршија“, каде во пожар животот го загубија мајка и нејзините четири деца.

Во огнената стихија која утрово околу 3 часот и 30 минути го зафатила нивниот семеен дом на улицата „Гоце Делчев“, бр. 185, успеале да се спасат свекорот и свекрвата кои спиеле на долниот кат од куќата. Тие успеале навреме безбедно да го напуштат домот кој бил зафатен од огнените јазици.

Во моментот кога се случила трагедијата, мајката, 39-годишната Фатиме Зулбеари, била сама со нејзините деца на горниот кат од куќата. Децата биле на возраст од четири до 13 години, три машки и едно женско.

Сопругот и татко бил ноќен чувар и не бил во домот кога се случил пожарот.

Пожарот е изгаснат со интервенција на пожарникарите, но извори од истрагата велат дека сè уште се издига чад и саѓи од опожарената куќа.

Поради тоа сè уште е отежнат пристапот до местото каде што се наоѓаат телата на жртвите.

„Сопственикот и жената биле на долниот кат од куќата и тие безбедно го напуштиле домот кога пламнал огнот. На горниот кат спиела снаата со четирите деца, додека нејзниот сопруг бил на работа“, велат извори од полицијата.

Жители на Тетово коментираат дека ваква трагедија досега не се случила во градот.

Причините за пожарот сè уште не се познати. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово во моментов е на местото на настанот и во соработка со увидната екипа од Полициската станица – Тетово и Противпожарната служба врши увид.

Повикан е тим од форензичари од Скопје и екипа од ЕВН да помогнат во увидот со цел да се утврди што навистина се случило во куќата.

Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот. ​​

Д.Т.

Би можело да ве интересира

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов