Либија: 9 убиени во борбите во Бани Валид

Од:

Во борбите меѓу силите на режимот и вооружените групи во градот Бани Валид, последното упориште на ликвидираниот либиски водач полковникот Моамер ел-Гадафи, загинале девет луѓе, а 122 се ранети, соопштија медицински извори.

Болницата во градот Мисрата примила девет тела и 122 ранети од судирите во Бани Валид, соопштил за AFP лекар од болницата, Додал дека повеќето повреди се предизвикани со лесно вооружување што укажува на директни судири.

Очевидци изјавиле дека главната болница во Мисрата била преполна со примени пациенти од Бани Валид.

Претходно мајорот Али ал-Шики, портпарол на шефот на главниот штаб на либиските сили, изјави дека единиците напредуваат кон центарот на Бани Валид, каде се претпоставува се засолнети поддржувачите на поранешниот режим кои ги бара новото либиско правосудство.

Офанзивата се совпаѓа со датумот, 20-ти октомври, кога во близу родниот град Сирт беше фатен и ликвидиран поранешниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моемер ел-Гадафи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски