Лего ги разлути родителите во целиот свет

Од:

Родителите воопшто не беа воодушевени од новата кампања на детската компанија за играчки Лего. Имено текстот во Лего списанието, кој го разгоре огнот гласи „Советите на Еми за тоа како да се биде убава“. Шерон Холбрук, откако го видела насловот во списанието на нејзината седумгодишна ќерка објави текст со критика во „Њујорк Тајмс“.

– Косата, формата на лицето и изгледот на мојата ќерка не треба да биде цел на Лего компанијата. Тоа не ја интересираше се додека списанието не ја убеди дека треба да се погрижи околу нејзиниот изглед, напиша Шерон.

„Советите на Еми за тоа како да бидете убави“ е дел од серијата во списанието, чиј фокус се девојчињата на возраст од шест до 12 години. Овој дел од списанието ги советува каква фризура треба да носат, што да купуваат во трговските центри итн. Овој текст предизвика лавина критики и напади од страна на родителите.

– Драги Лего, на девојчињата не им се потребни совети за убавина, „НЕ, НЕ и НЕ. Оставете ги децата да бидат деца, се само некои од твитовите на родителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска