„Култура 365“ од Охрид, покажа дека дометите на алтернативната култура можат да бидат високи и плодотворни

Од:

Охридскиот културно-информативен центар „Култура 365“ со несмален интензитет и со активности скоро секоја вечер, продолжува да ја спроведува манифестацијата “Летни уметнички ноќи на улицата Самоилова” (ЛУНУС).

Досега продефилираја бројни личности одсветот на културата и уметноста од земјата и светот,а синоќа беше претставена книгата „Растајнување на светлината“ од Дијана Петкова.

Поетесата Дијана Петкова е родена и живее во Скопје каде дипломирала на Филошкиот факултет на групата Македонски јазик со историја на книжевностите на југословенските народи. Има објавено десетина книги со поезија.

Нејзината најнова книга „Растајнување на светлината“ во рамките на ЛУНУС ја претстави Јулијана Величковска.

Книгата опфаќа поезија во стилот на хаику. Во интерактивниот перформанс, говореа и други поети и прозаисти, како Славе
Горго Димоски, Мишо Јузмески, професор Д-р Димитар Пандев и други.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Левица: Јавните претпријатија повторно во загуба иако ги покачија цените врз грбот на охриѓани