kosarka

Младите кошаркари на Вардар победија на турнирот во Битола

Младите кошаркари на Вардар победија на турнирот во Битола

Младите кошаркари на Вардар селекција на играчи родени 2003 година и помлади триумфираа на традиционалниот турнир во Битола што изминатиов викенд се одржуваше во овој град. „Вардарци“ до првото место стигнаа откако во разигрувањето постигнаа две победи над Младост со 71:13 и против Водно Санс со 71:56. Во финалето Вардар беше поуспешен од своите врсници […]

Прв пораз на МЗТ Скопје Аеродром во Супер лигата

Прв пораз на МЗТ Скопје Аеродром во Супер лигата

Кошаркарите на шампионот МЗТ Скопје Аеродорм вечерва го претрпеа првиот пораз во Супер лигата откако загубија од Работнички на гости со 78:70. Домаќинот предноста ја имаше во текот на целиот натпревар, а решавачка беше втората четвртина која Работнички ја доби со 19:10. Најефикасни кај победникот беа Ѓорѓи Чековски со 19 поени и Димче Тасовски со […]

Дербито Работнички – МЗТ Скопје Аеродром се игра во „Градски парк“

Дербито Работнички – МЗТ Скопје Аеродром се игра во „Градски парк“

Дерби дуелот на осмото коло од кошаркарската Супер лига ќе се одигра попладнево во салата „Градски парк“ во Скопје, а ќе играат Работнички и МЗТ Скопје Аеродром. Првакот МЗТ Скопје е единствениот непоразен тим во лигата, но го чека гостување на „жешкиот терен“ против големиот ривал. Почетокот на дуелот е во 18 часот. Во истиот […]

Лазовски нов селектор на македонската женска кошаркарска репрезентација

Лазовски нов селектор на македонската женска кошаркарска репрезентација

Марјан Лазовски е назначен за нов селектор на сениорскиот национален тим на Република Македонија во женска конкуренција. За него ова ќе биде нов правец во професионалната кариера односно прв предизвик како тренер/селектор на состав во женска конкуренција. По бројните ангажмани на клупски план како тренер, Лазовски пет години беше и дел од стручниот штаб на […]

Бадел против Шкупи ја почнува одбраната на трофејот

Бадел против Шкупи ја почнува одбраната на трофејот

По четиринаесет одиграни натпревари во лигашкиот дел, денес почнува плеј-офот за кошаркари. Бранител на трофејот е Бадел кој во изминатите три сезони е неприкосновен на врвот. Апсолутната доминација во двете натпреварувања (првенството и купот) беше прекината оваа година во рамки на (ЛИМАК) Купот на РМ каде Вардар го освои трофејот. Противник на Бадел 1862 во […]

Куманово гостува кај Берое во првиот финален меч во БИБЛ лигата

Куманово гостува кај Берое во првиот финален меч во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово попладнево ќе го одиграат првиот меч од финалето во регионалната Балканска лига (БИБЛ). Кумановци гостуваат во Стара Загора кај бугарската екипа Берое. Избраниците на Марјан Србиновски очекуваат многу тежок дуел против екипата која сезонава покажа најмногу и имаше најдобар учинок во БИБЛ лигата. Но, македонскиот претставник најавува дека нема лесно да се […]

Работнички подобар од Карпош Соколи

Работнички подобар од Карпош Соколи

Екипата на Работнички славеше победа над Карпош Соколи во последниот натпревар од 6.коло на Супер лига на Македонија. На средбата одиграна попладнево во салата „Градски парк“ кошаркарите на Работнички – Карпош Соколи се радуваа на триумф со 79-74 по четвртини 23:21, 14:20, 20:15 и 22-18. Најефикасен во победничката екипа беше Ѓорѓи Чековски со 22 поени, […]

Два натпревара од 6. коло во кошаркарската Супер лига

Два натпревара од 6. коло во кошаркарската Супер лига

И по шест одиграни натпревари во Супер лигата, актуелниот шампион во домашното првенство МЗТ Скопје Аеродом не знае за пораз. Аеродромци шестата победа ја остварија на гостувањето во Кавадарци совладувајќи го Фени Индустри со 77-61. Четворица кошаркари кај МЗТ Скопје средбата ја завршија со двоцифрен број на поени и тоа: МЗТ Скопје Аеродром: Мијатовиќ беше […]

Два натпревари од 6. коло во кошаркарската Супер лига

Два натпревари од 6. коло во кошаркарската Супер лига

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, односно Супер лигата, денеска ќе се одиграат два натпревари од 6.коло. Во Кавадарци, екипата на Фени Индустри го пречекува шампионот МЗТ Скопје Аеродром кој во досегашниот тек од Супер лигата има максимални пет победи. Ова практично е реприза на полуфиналето оа Купот на Македонија во кој кавадарчани го елиминираа тимот […]

Цедевита прв финалист во АБА лигата

Цедевита прв финалист во АБА лигата

Екипата на Цедевита е првиот финалист во АБА лигата откако синоќа во „мајсторката“ го победи Партизан со 87:78 (20:14, 27:22, 22:27 и 18:15). Освен во вториот период, гостите од Белград не успеваа да им се спротивстават на домашните кошаркари. Хрватскиот шампион иако се соочи со повредени играчи и остана уште на почетокот без најдобриот играч […]

Будуќност го отпушти Вилијамс

Будуќност го отпушти Вилијамс

Црногорскиот кошаркарски шампион Будуќност му додели отказ на Американецот Маркус Вилијамс во пресрет на утрешниот втор дуел од полуфиналната пресметка со Црвена звезда. – Маркус Вилијамс веќе не е во нашиот тим. Ова е одлуката на целиот стручен штаб. Тој покажа непочитување кон клубот, кон дресот што го носи, кон соиграчите и тренерите, како и […]