Косачев: Обидот да се суспендира автономијата на Каталонија го интензивира сепаратизмот

Од:

Обидот на Мадрид да ја укине автономијата на Каталонија само ќе ја интензивира сепаратистичката тенденција во регионот, смета претседателот на Комитетот за меѓународни односи на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев.

– Обидите за укинување на статусот за автономија на Косово, Јужна Осетија, Абхазиј и Крим во секој случај не ја згаснаа желбата на нивните жители за самоопределување, туку само ја интинзивираа желбата за независност, напиша Косачев на својот Фејсбук профил.

Според него, Мадрид ќе влезе во истата замка, со укинувањето на автономијата на Каталонија.

Шпанската Влада вчера порача дека првпат во историјата, в сабота, ќе го покрене членот 155 од шпанскиот Устав, откако каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон не одговори конкретно на прашањето на Мадрид дали прогласил независност на покраината.

Според членот 155, доколку регионалната влада ги прекрши своите уставни овластувања или „постапува на начин кој сериозно го загрозува општиот интерес на Шпанија“, официјален Мадрид „може да преземе неопходни мерки со сила да ја натера на соработка или да го заштити општиот интерес“.

Членот 155 е само една од неколкуте опции кои шпанскиот премиер Маријано Рахој ги има предвид за спречување на каталонските сепаратисти.

Владата, исто така, би можела да воведе вонредна состојба.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски