kinoteka

Скопска премиера на „Прикаска за Кичево“ вечер во Кинотека на Македонија

Скопска премиера на „Прикаска за Кичево“ вечер во Кинотека на Македонија

Долгометражниот документарен филм првенец на тандемот Бранко Стојаноски и Виктор Гаврилоски „Прикаска за Кичево“ вечер со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде прикажан во Кинотека на Македонија. Филмот има за цел да ги претстави настаните кои го одбележале севкупното живеење на Кичево во изминатиот период. Во филмот застапени се некои од култните белези на […]

„Ново киноутро“ во Кинотека до 20 јануари

„Ново киноутро“ во Кинотека до 20 јануари

Кинотеката на Македонија и оваа година за време на зимскиот распуст организира дневна филмска програма „Ново киноутро“. Во рамки на филмската програма до 20 јануари ќе бидат прикажани пет филма. В понеделник во 12 часот ќе биде прикажан анимираниот филм од Канада „Малите виленици Пикси“ на режисерот Шон Патрик О’Рили. Филмот е синхронизиран на македонски […]

„Ново киноутро“ во Кинотеката на Македонија

„Ново киноутро“ во Кинотеката на Македонија

Кинотеката на Македонија и оваа година за време на зимскиот распуст организира дневна филмска програма „Ново киноутро“, во која од денеска до 20 јануари ќе бидат прикажани пет филма. Филмската програма почнува денеска напладне со проекција на анимираниот јапонски филм „Змејска топка 2“ во режија на Тадајоши Јанамуро кој ќе биде репризиран утре. Со почеток […]

Недела на словачки филм во Кинотеката на Македонија

Недела на словачки филм во Кинотеката на Македонија

Амбасадата на Словачка организира Недела на словачкиот филм од денеска до 14 декември во Кинотеката на Македонија, по повод завршувањето на претседателството на Република Словачка со Советот на Европската унија. Филмскиот циклус посветен на словачката кинематографија ќе почне вечер од 20 часот со проекција на филмот „Боксерот и смртта“ од 1963 година, во режија на […]

Денови на хрватски документарни филмови во Кинотека на Македонија

Денови на хрватски документарни филмови во Кинотека на Македонија

Денови на хрватски документарен филм „Докукроата“ ќе се одржат од денеска до среда во Кинотека на Македонија во Скопје. – Темите кои ќе ги доближат најновите хрватски документарни филмови ќе бидат повод за дискусија по проекциите, најави организаторот, Заедницата на Хрватите во Македонија. На првата вечер ќе биде прикажан документарниот филм „Деца на транзицијата“ (20:00), […]

Почнува 6. „Анимакс Скопје фест“

Почнува 6. „Анимакс Скопје фест“

Педесетина анимирани филмови од 28 држави од светот ќе бидат прикажани на шестото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, кој од денеска до 4 декември ќе се одржува во Кинотека на Македонија. Под мотото „За нагоре“, публиката ќе може да погледне 43 филмови за возрасни, кои ќе се борат за наградите […]

Шестиот „Анимакс Скопје фест“ од 1 до 4 декември во Кинотека на Македонија

Шестиот „Анимакс Скопје фест“ од 1 до 4 декември во Кинотека на Македонија

Педесетина анимирани филмови од 28 држави од светот ќе бидат прикажани на шестото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, кој од 1 до 4 декември годинава ќе се одржува во Кинотека на Македонија. Мотото на фестивалот е „За нагоре“. Директорот на фестивалот Кузман Кузмановски на денешната прес-конференција информира дека годинава пристигнале вкупно 1.527 […]

Кратки филмови снимени со мобилен телефон на 7. „Мобил фестивал“

Кратки филмови снимени со мобилен телефон на 7. „Мобил фестивал“

Во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде отворен седмиот фестивал за снимање краток филм со мобилен телефон „Мобил фестивал“, кој го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и Медиа“ од Битола. Ќе бидат прикажани дваесетина филмови кои пристигнале на повикот за учество кој беше отворен еден месец. Филмовите се од македонски, но и од автори од […]

Кинотеката ќе го одбележи Денот на аудиовизуелното наследство

Кинотеката ќе го одбележи Денот на аудиовизуелното наследство

Со репрезентативен избор од значајни македонски филмски остварувања чии сценаристи се познати книжевници, Кинотеката на Македонија ќе го одбележи Денот на аудиовизуленото наследство – 27 Октомври. Годинава тема на одбележувањето е „Нашата приказна – да не ја загубиме“. Проекциите на седум кратки документарни филмови  ќе бидат одржани во кинотечното кино, со почеток во 12 часот. Ќе […]

Прв меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров“ од утре до 19 октомври во Скопје

Прв меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров“ од утре до 19 октомври во Скопје

Во Македонскиот народен театар и Кинотеката на Македонија од утре до 19 октомври ќе се одржи првиот Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности во Македонија „Богородичен Покров“. На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерката за култура Елизабета Канческа Милеска и директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска, амбасадорот  на Руската […]

Шест кратки филмови на фестивалот „Шнит“ во Кинотека на Македонија

Шест кратки филмови на фестивалот „Шнит“ во Кинотека на Македонија

Во Кинотека на Македонија вечер ќе се одржи меѓународниот филмски фестивал „Шнит“ на кој ќе бидат прикажани шест краткометражни филмови од шест земји. Публиката ќе може да ги погледне „Многу осамен петел“ на Леонид Смелков од Русија, „Добар пат“ на Марк Вилкинс од Швајцарија, „Тркачот“ на Хозе Луис Монтесинос од Шпанија, „Чудна птица“ на Анук Фортуние […]