(ВИДЕО) „Кино Карпош“ – прв парк во Дебар Маало

Од:

Жителите на Дебар Маало добија парк. Паркот “Кино Карпош“ е зелена површина која се простира на 500 м2.

Жителите на Дебар Маало не го криеја задоволството бидејќи, велат, за прв пат добиваат ваков простор за одмор и релаксација.

“Овој парк ми е особено драг, бидејќи од постоењето на Дебар Маало досега немало вакво зелено катче. Паркот е со специјален концепт. Овдека наместо зграда, посадивме дрвја и поставивме зеленило, бидејќи сакаме да го хуманизираме Дебар Маало“, рече Жерновски.
Посадени се 15 дрвја од листопадни, цветни јапонски цреши, од типот “Prinus serrulata Kanzan” со обем c14/16. Овие дрвја цветаат на пролет, кога даваат прекрасна слика, затоа што се наместени на една површина и геометриски распоредени во просторот.

Park - Kino Karpos (6)

Park - Kino Karpos (7)

Засадени се исто така и “Aukuba Japonica” – жолто-зелена грмушка и 70 “Nandina Domestica Nana” – која менува боја од зелена од пролет и лето, до шарена во есен и црвена на зима. Пред потпорниот ѕид се посадени 41 Кониферна грмушка – “Taxus Baccata” во ред, а ритамот се разбива со седум повисоки зеимзелени растенија “Photinia Fraseri Red Robin“, во форма на топка, кои пуштаат црвени, нови листови на пролет. Средишниот дел на патеката е разубавен со 44 жолти кониферни покривачи, од типот “Juniperus Media Old Gold”.

Park - Kino Karpos (5)

Park - Kino Karpos (4)

Градоначалникот Жерновски најави дека следен проект во Дебар Маало е изградба на комбинирано детско и спортско игралиште на улицата “Славка Недиќ“. Постечката вегетација ќе биде задржана, а ќе се реконструира кошаркарскиот терен и летниковецот кој се наоѓа таму.

Park - Kino Karpos (3)

Park - Kino Karpos (1)

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории