Кенеди: Бајден е поголема закана за американската демократија од Доналд Трамп

Од:

Независниот претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор денеска изјави дека актуелниот претседател Џозеф Бајден е поголема закана за американската демократија од неговиот претходник и повторен кандидат на републиканците, Доналд Трамп.

„Можам да кажам дека претседателот Бајден е многу поголема закана за демократијата, бидејќи Бајден е првиот претседател во историјата кој користи федерални агенции за цензурирање на политичкиот говор и неговите политички противници“, изјави Кенеди за Си-Ен-Ен.

Тој изјави дека ниту Бајден ниту Трамп не треба да бидат избрани за претседател на Америка на ноемвриските избори, но нагласи дека ниту еден од двајцата кандидати нема да ја „уништи демократијата“.

„Доколку треба да означам една од двете како поголема закана за демократијата, би го избрал Бајден бидејќи тој ги злоупотребил федералните агенции против неговите политички противници“, рече Кенеди.

Тој додаде дека обидот на Трамп да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година „јасно претставува закана за демократијата“, но повтори дека Бајден претставува поголема закана.

– Мислам дека тоа е закана за демократијата. Обидот за поништување на резултатите од изборите е очигледно закана за демократијата – рече Кенеди.

Би можело да ве интересира

Роберт Ф. Кенеди Џуниор, избра потенцијален потпретседател

Анкета во Америка: Кенеди ги зема гласовите и на Трамп и на Бајден

Горан Наумовски

Бајден му оддаде почит на Кенеди 60 години по атентатот

Кенеди: Одлуката на Бајден да ги мобилизира резервните сили значи подготовка за војна против Русија

Горан Наумовски

Кенеди: Ве лажат, Русите ги убиваат Украинците со 8:1

Предраг Петровиќ

Роберт Ф. Кенеди Џуниор размислува да се кандидира за претседател