„Кеј Сејфти Системс“ ќе отвори 800 работни места

Од:

Вкупно 800 работни места планира да отвори американската компанија „Кеј Сејфти Системс“ (КСС) чиј производствен погон што ќе се гради во слободната економска зона во Кичево, треба да биде готов во вотрата половина на идната година.

Изградбата ќе почне пред крајот на оваа година, а за време на третиот квартал од 2015-та, фабриката ќе биде целосно функционална.

– Претставниците на КСС се тука цела недела, избираат фирма која ќе го гради објектот во зоната во Кичево. Како што имаа можност да видат, завршена е адаптацијата на постоечкиот објект во кој ќе се почне со работа додека се изгради новиот во зоната. Видовме и до каде се активиностите за завршување на инфраструктурата, изјави директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо на денешната заедничка прес-конференција.

Менаџери, ИТ инженери, контролори на производство и квалитет, техничари, се само некои од струките што ќе и бидат неопходни на компанијата. Заинтерсираните може да се јават на огласите за интервју, објавени на веб страницата [email protected].

Како што информира заменик-преседателот за глобално производство на КСС Џим Скарпа, по почетокот со работа во постоечката браунфилд инвестиција која напредува многу добро, компанијата веднаш ќе почне со регрутирање и драстично зголемување на бројот на вработените.

– Во браунфилд фазата ќе се вработат околу 100 лица, а во следните години бројката ќе достигне 500 до 700, истакна Скарпа.

КСС планира голем дел од вработените да одат на обука. Тоа ќе важи и за менаџерскиот кадар.

Во сите слободни економски зони моментно има околу 3.200 вработени, а до крајот на годината се очекува бројката достигне 3.500.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мизо објасни дека без активностите што ги презема државата околу можностите, особено инфраструктурата во зоните, потенцијалните инвеститори воопшто и не би ја разгледувале Македонија како дестинација за своите вложувања. Мора да сме подготвени, потенцира, за да дојдат ваков вид компании.

„Кеј Сејфти Системс“ произведува водушни перничиња за автомобилската индустрија, појаси и електроника. Има 34 фабрики во 12 земји.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски