Каталонија бара нови 9 милијарди евра од Мадрид за спас од банкрот

Од:

Шпанскиот автономен регион Каталонија побара од централната Влада на Шпанија уште девет милијарди евра за спас на регионалната економија од банкрот, откако лани во август доби пет милијарди евра.

Каталонската Регионална влада тврди дека парите и се потребни за покривање на внатрешните долгови и за справување со кризата во новите услови на драстично кратење на буџетското трошење.

Барањето нови пари за спас од Мадрид доаѓа само еден месец по најавата на новоизбраните политички лидери на Каталонија за одржување референдум за отцепување на регионот од Шпанија.

Каталонија важи за успешен и просперитетен регион во Шпанија, кој во бруто домашниот производ на земјата учествува со една петина, но е погодена од голем внатрешен долг. Само за оваа година регионалните власти мора да исплатат долгови во висина од 13,6 милијарди евра.

Властите во Барселона соопшти дека може сама да обезбеди 7,7 милијарди за покривање на долгот, но дека за другите средства и е потребна интервенција на Владата на Шпанија. Минатата година шпакската Влада формира посебен фонд за покривање на неликвидните региони кои поради големите долгови не можат самите да се задолжуваат во странство.

За оваа година во овој фонд се предвидени 23 милијарди евра, што ќе се обезбедат од шпанското Министерство за финансии, од домашните банки и шпанската лотарија.

Шпанија е една од најтешко погодените земји со сегашната должничка и финансиска криза во еврозоната. Сеператизмот во Каталонија кој станува се посилен, се објаснува со токму со кризата. Каталонските сепаратисти сметаат дека нивниот регион ќе биде многу поуспешен како независна држава.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски