Карпош 3 добива зелен и спортско – рекреативен центар

Од:

Во Општина Карпош започнаа изведбените – теренски активности за новиот зелен и спортско – рекреативен центар, во кој се предвидува ново зеленило, фитнес дел, а во завршна фаза е и детското игралиште.

Градоначалникот Стефан Богоев изјави дека на оваа површина, од 11.190 м2 доминантно ќе биде зеленилото, а предвидено е засадување на нови, висококвалитетни дрвја, тревна површина, систем за наводнување на зеленилото, како и клупи за седење и корпи за отпадоци.

– Овој дел е во срцето на Карпош 3. Зоната ќе биде наменета за сите генерации на граѓани. Токму овие, маалски паркови придонесуваат за враќањето на маалскиот соживот и дружба, рече Богоев.

Оваа површина, која е дел од училишниот двор, во должина на булевар „Илинден“, посочи тој, повеќе години делуваше запуштено, додека граѓаните од овој дел на Карпош имаа потреба од содржини за спорт и рекреацијат. Изборот на спортски игралишта, нагласи, се направи и во консултација со нив.

Се работи на новите спортски терени за кошарка, мал фудбал, ракомет и сервис во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“, во Карпош 3.

Локалната самоуправа, најави градоначалникот Богоев, продолжува со секојдневното уредување на јавните површини, а целта е да се раззеленат истите, но и да бидат со намена за спорт и рекреација, со што ќе ги привлечат карпошани да ги посетат и да поминат дел од слободното време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош