Ју Џонг-чол: Северна Кореја никогаш нема да се откаже од нуклеарното оружје

Од:

евернокорејското нуклеарно оружје никогаш нема да биде предмет на преговори, изјави вчера Ју Џонг-чол, постојан претставник на Северна Кореја во Конференцијата за разоружување, под покровителство на ОН.

Претходно, во Женева, американскиот амбасадор, Роберт Вуд, наведе дека „главен приоритет“ на американскиот претседател Доналд Трамп е заштитата на САД и нивните сојузници од „растечките закани“ од страна на Северна Кореја.

– Мерките што ги презеде Северна Кореја за зајакнување на нејзината нуклеарна одбрана и за развојот на интерконтиненталните ракети е оправдан и легитимен избор за самоодбрана од такви „неспорни и реални закани“, наведе Ју Џонг-чол, зборувајќи за „постојаните нуклеарни закани“, што доаѓаат од страна на САД.

Тој нагласи дека „ се додека непријателската политика и нуклеарните закани на САД останат непроменети, Северна Кореја никогаш нема да ги стави на масата за преговори своите нуклеарни сили за самооодбрана“.

Би можело да ве интересира

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

Се огласи Северна Кореја по бегството на војникот Тревис Кинг