Јотовски без проблем ги мина квалификациите во Хамамет

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски без поголеми проблеми триумфираше во денешниот меч од квалификациите на фјучрсот во Хамамет, Тунис. Тој за влез во главниот турнир го победи Карло Краниќ од Хрватска со 2-0 во сетови (6:2 и 6:1 во гемови).

Јотовски во претходното квалификациско коло госовлада Анже Арх од Словенија со 2-1 во сетови.

Нашиот тенисер на овој турнир настапува во квалификациите бидејќи доцна го пријави учеството и затоа беше рангиран и како прв ностител во квалификациите. Од причина што квалификациите уште не се завршени Јотовски дополнително ќе го дознае името на противникот во првото коло од главниот турнир.

Јотовски ќе настапи и во игра на двојки каде со Резарт Цунгу од Црна Гора на стартот ќе играат против Џабор Ал Мутава од Катар и Габи Адриан Боитан од Романија.

Би можело да ве интересира

Јотовски победник на турнирот „Бовин Неготино опен“

Наум Локоски

Тенисерот Јотовски го предаде полуфиналето во Кисељак

Успешен старт за Јотовски на фјучрсот во БиХ

Ана Ололовска

Јотовски го заврши настапот на турнирот во Анталија

Наум Локоски

Јотовски стартуваше со победа во двојки на фјучрс турнирот во Тунис

Наум Локоски

Јотовски напредуваше три места, Ѓорческа падна за две

Наум Локоски