Јапонија: 10 лица загинаа во пожар во болница

Од:

Јапонската полиција соопшти дека во пожарот, кој утрово изби во една ортопедска болница во Јапонија, загинаа 10 лица.

Пожарот изби во раните утрински часови во четирикатната зграда во Фукуока, а за негово локализирање на противпожарните екипи им биле потребни два часа, пренесе „Франс прес“.

Причината за пожарот се уште не е позната, а во тек е идентификација на жртвите. Локалните медиуми пренесуваат дека повеќето пациенти биле повозрасни луѓе.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија