„Јагуар“ ги одбројува деновите до промоцијата на својот кросовер

Од:

„Јагуар“ објави нова видео снимка како најава за моделот „Ф-Пејс“ што ќе биде претставен на еден од големите авто-салони во блиска иднина.

Засега е познато дека кросоверот ќе се темели на концептот „C-X17“ од 2013 година. Двете возила треба да имаат многу сличен дизајн, а ќе се разликуваат само во некои детали.

„Јагуар Ф-Пејс“ е поставен на модуларна алуминиумска платформа.

Како што тврдат во компанијата, во прашање е лесна конструкција со голема цврстина и крутост, а заради својата модуларност можено е платформате да се прилагоди на моделите од различни автомобилски сегменти.

Понудата на мотори ќе биде слична како кај лимузината „XЕ“.

Треба да се смета на 2.0 турбо-дизел единицата што ќе развива до 200 кс, како и на два бензинца: дволитарскиот мотор со максимална сила од околу 240 кс и 3.0-литарскиот В6 со компресор што ќе произведува околу 340 кс.

На располагање најверојатно ќе биде и моќниот 5.0-литарски В8 мотор што ќе се вградува во топ верзијата.

„Јагуар“ тврди дека моделот „Ф-Пејс“ ќе внесе освежување во сегментот на луксузни кросовери, комбинувајќи го спортскиот дизајн и возните карактеристики со пространата кабина и премиум содржините.

Кога на почетокот на 2016 година ќе се појави на пазарот, таму ќе го дочекаат ривалите „Порше Макан“, „Мерцедес ГЛЦ“, „БМВ Х3“ и „Ауди Q5“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска