Италија: 16 загинати, 350 повредени

Од:

Бројот на жртвите во силниот земјотрес кој во вторникот го погоди североисточниот дел на Италија се искачи на 16, а повредени се повеќе од 350 луѓе, пренесуваат италијанските медиуми.

Едно лице се води за исчезнато, а спасувачките екипи и понатаму работат на откопување на рушевините и им помагаат на загрозените.

Сеизмолошките апарати бележат потреси скоро цел ден, а најјакиот беше со јачина 5.8 степени. Претходно истата област беше погодена од земјотрес со јачина од 3.9 степени. Сеизмолозите предупредиле дека најверојатно ќе следат дополнителни земјотреси, дури и такви со поголем интензитет.

Околу 14 илјади луѓе останаа без домовите, кои се разрушени во вчерашните земјотреси.

 

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум