Најмалку 11 лица се убиени во напад на екстремисти врз автобус со шиитски ации во Ирак, додека осумчлено семејство е убиено од огнено оружје јужно од Багдад, соопштија денеска ирачките власти.
Напаѓачите синоќа фрлиле бомба и отвориле оган врз автобус со шиитски аџии, убивајќи 11 лица, додека 21 е повреден, соопшти полицијата.
Аџиите се враќале од Самара, северно од Багдад, кога се случила експлозија во близина на предградието Балада.
Полицијата синоќа, исто така, пронајде осум тела на членови на едно семејство убиени во претежно сунитско предградие на Багдад. Причините за убиствата и сторителите се уште не се познати.