Иловица има 184 милиони тони руден потенцијал, покажува новата проценка на ресурсите

Од:

Наоѓалиштето за бакар и злато во Иловица располага со околу 184 милиони тони руден потенцијал, покажува најновата програма за дупчења. Ова, како што соопшти Еуромакс рисорсис, јасно потврдува дека има солидна основа за изградба и развој на оваа гринфилд инвестиција во рударството, прва од ваков вид во Македонија.

– Среќни сме што ги постигнавме главните цели од нашата програма за дупчење за 2012-2013 преку зголемување на Измерени и Номинални ресурси во новите и мешани зони на Иловица од 22 милиони тони на 184 милиони тони при подобрени чистоти во однос на претходната проценка на ресурси објавена минатата година. Ова значи дека ја познаваме распространетоста и количината на минерализацијата на бакар и злато далеку подобро во Иловица и дека можеме да го развиваме проектот со повеќе доверба, вели Патрик Форвард, главен оперативен директор на компанијата.

Еуромакс продолжува да спроведува програма за работа што ќе му овозможи на независниот консултант „Tetra Tech“ да ја заврши предфизибилити студијата (ПФС) во третиот квартал од годинава. Програмата вклучува геотехничко дупчење за да се испита стабилноста на косините на идниот површински коп и оптимизираноста на инфраструктурата, оптимизација на планот за рудникот што ќе ги вклучи резултатите од дупчењето со цел да се дефинираат рудните резерви и пристапот до зоните со висока содржина порано во процесот на експлоатација.

Ќе продолжат и металуршките тестови во лабораторијата на СГС, особено флотациските тестови со затворен циклус и оптимизацијата на големината на ситнење, хидрогеолошката работа и геотехничката програма што ќе обезбедат информации за понатамошната оптимизација на проектот преку предфизибилити студијата, особено во поглед на развојот на инфраструктурата, развојот на нацрт-план на рудникот и инженерските компоненти, подобрување на сите проценки за капиталните и оперативните трошоци преку отпочнување на детални студии за инфраструктурата, пристапните патишта и хидројаловиштето како и оптимизација на класата на концентратот врз основа на резултатите од металуршките тестови и понатамошна проценка на исплатливоста.

Би можело да ве интересира

Македонија има три проценти од целото светско богатство на минерали

Емир Латифовиќ