Ибраимовски: Амди Бајрам измислува

Од:

„Без разлика колку лагите и манипулациите се заштитен знак на политичката кариера на Амди Бајрам, тој нема никакво право да ги понижува сите Роми во Република Македонија. Тој нема право да ме инволвира ниту мене, ниту мојата политичка партија во неговите шеми за додворување на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ”, рече Ибраимовски.

Тој тврди дека ниту бил повикан, ниту учествувал во пазарење за ромски гласови.

„Се работи за уште една лага измислена во кујните на власта, а Амди Бајрам е повторно избран за извршител. Го повикувам Амди Бајрам да не се крие зад пратеничкиот имунитет, кој му дозволува да лаже на Собраниската говорница без никакви последици”, рече Ибраимовски.

Тој го повика Бајрам да излезе надвор од Собранието и да ги повтори истите лаги и клевети.

„Тогаш, пред надлежните државни институции ќе мора да се соочи со сопствената одговорност и ќе ги поднесе сите штети што свесно избира да биде алатка за манипулации во рацете на ВМРО ДПМНЕ”, рече Ибраимовски.

Смета дека Ромите во Македонија ќе ги казнат овие понижувања на Амди Бајрам, кој добивал гласови да им ги решава проблемите на ромите.

 

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови