Храната и енергијата ја задржаа инфлацијата во САД над осум отсто

Од:

Растот на потрошувачките цени во САД благо се намалил во август, но останал над нивото од осум отсто, поддржан од растот на цените на храната и енергијата.

Податоците што денеска ги објави Министерството за труд покажуваат дека индексот на потрошувачките цени во август бележи пораст за 0,1 отсто во однос на јули кога цените стагнираа.

Споредено со август минатата година, потрошувачките цени во најголемата светска економија пораснале за 8,3 отсто, по 8,5-настотниот раст во јули.

Највисокото ниво инфлацијата годинава го достигна во јуни кога изнесуваше 9,1 отсто, што е рекордно од ноември 1981 година.

Храната во август поскапела за 13,5 отсто во однос на истиот месец лани, додека струјата за 15,6 отсто. Американците во август платиле 33 отсто повеќе за гас и 25,6 отсто за бензин.

Доколку се исклучат цените на храната и енергијата, годишната стапка на инфлација изнесува 6,3 отсто.

Споредено со јули потрошувачките цени благо се зголемиле, бидејќи повисоките трошоци за домување и за храна го анулираа влијанието на снижените цени на бензинот.

Во однос на јули, храната поскапела за 0,7 отсто, а ист процентуален раст е забележан и кај трошоците за домување.

Цените на енергијата паднаа за пет отсто на месечно ниво, благодарение на поевтинувањето на нафтените деривати од 10,6 отсто што го анулираше поскапувањето на гасот и на електричната енергија за 3,5 односно 1,5 насто.

Доколку се исклучи влијанието на промената на цените на храната и на енергијата, потрошувачките цени во август пораснале за 0,6 отсто на месечно ниво, двојно повеќе од јули.

Инфлацијата забавува бидејќи по скокот на почетокот од годината растот на цените бележи ублажување, што се припишува на подобрената ситуација во глобалните синџири на снабдување и закрепнувањето на потрошувачката кај услужните дејности.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја