Хонг Конг блесна под светлоста на 25.000 „бели рози“

Од:

Хонг Конг вчера беше осветлен од 25.000 рози направени од ЛЕД светилки, за заљубените двојки од градот во романтичен амбиент да можат да го прослават Денот на вљубените.

Градината од сјајни рози беше правена цели шест месеци и сместена е во деловниот кварт на градот.

Секоја роза се состои од седум слоеви ливчиња и отпорна е на вода, а ќе се вклучува секоја вечер се до 22 февруари.