Хитлер бил постојано на вегетаријанска диета

Од:

Нацистичкиот водач Адолф Хитлер бил постојано на вегератијанска диета, тврди Маргот Волк (95), која морала да ја проба храната, што потоа му била давана на водачот на германскиот Трет Рајх.

Во разговор за лондонски „Тајмс“ Волк открива дека Хитлер јадел само свежо овошје и вегетаријанска храна. Во текот на Вторатата светска војна, додека нејзиниот сопруг бил испратен на фронтот Маргот Волк била регрутирана од припадниците на СС единиците и одведена на работа во Источниот коменден штаб, познат како „Волчјо дувло“, што сега се наоѓа на територија на Полска. Нејзината единствена работа била да ја пробува храната.

– Секој ден, меѓу 11 и 12 часот морав да ги пробам и да го јадем сето она што тој ден му се носеше на Хитлер за да фирерот не биде отруен, вели Волк и објаснува дека храната ја носеле само најдоверливите СС-овци.

Таа открива дека уште во триесеттите години, организацијата на хитлеровата младина почнала со пропагирање на вегетаријанството и популаризирањето на сојата, како замена за месото. Во 1942 година официјалната нацистичка пропаганда најавила дека по завршувањето на војната и германската победа, цела Германија ќе биде вегетаријанска.

Во годините на младоста и пред Втората светска војна, Хитлер не бил вегетаријанец. Од 1941 до есента 1944 година, нацистичкиот водач поминал 800 денови во „Волчјото дувло“.

Маргот Волк се верува дека е последниот жив пробувач на храна за Хитлер. Таа сега признава дека секогаш стравувала дека ќе биде отруена.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ