Халеп: Бертенс беше подобра и заслужено го освои трофејот

Од:

Романката Симона Халеп, кој загуби од Кики Бертенс во финалето на турнирот во Мадрид, рече дека победата за Холанѓанката е заслужена.

– Кики одигра подобро и дефинитивно ја заслужи оваа победа. Јас направив некои грешки и се изнервирав. Од овој пораз треба да извлечам заклучоци за мојот следен меч. Едноставно с ешто правев одеше во прилог на мојата ривалка. Понекогаш тоа се случува, изјави Халеп.

Таа додаде дека има квалитет за уште подобри резултати.

– Оваа недела покажав дека мојата игра е на место и можам да покажам добри резултати. Немам поим што ќе се случи во наредните недели, но сега сум задоволна од мојата игра, со тоа како ја поминав оваа тешка недела. Верувам сум во себе, па да видиме што ќе се случи следно, потенцира Халеп.

Романката пропушти шанса со триумф во Мадрид да са искачи на првото место на ВТА ранг листата.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он