Гвантанамо: Се зголеми бројот на затвореници, кои штрајкуваат со глад

Од:

Бројот на затвореници во американската воена база Гвантанамо, на Куба кои започнаа штрајк со глад се зголеми за 92 лица, соопштија управата на затворот.

Во однос на вчерашниот ден, уште осум затвореници започнаа штрајк со глас, со што сега бројот на притворени кои не земаат храна е 166.

Полковникот Семјуел Хаус изјави дека притворените кои што се придружија во штрајкот, се оделени од останатите и се ставени во самици, а нивната здравствена состојба ја надгледуваат лекарите.

Во американската воена база која што се наоѓа на кубанскиот залив Гвантанамо се наоѓаат осомничени за тероризам, кои војската на САД и безбедносните сили ги уапсија.

Некои од нив се наоѓаат во притвор повеќе од десет години, без обвиненија што често предизвикува критики од организациите за заштита на човековите права.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност