Гуам не ги смета за закана предупреедувањата од Северна Кореја

Од:

Гувернерот на Гуам, Еди Калво изјави денеска дека предупредувањето од Северна Кореја за евентуален ракетен напад врз таа американската пацифичка територија не го доживува како закана и островот е подготвен на „секаква можност“.

Тој додаде дека одбранбените капацитети се стратешки поставени за да може да ги одбранат граѓаните на Гуам.

– Гуам е американска територија. Не сме воена инсталација, изјави Калво.

Во видео порака наведе дека имал контакти со Белата куќа и оти со воени официјални лица на Гуам ќе разговара за состојба на воена подготвеност.

Конгресменката од Гуам, Медлин Бордало исто така изрази уверување дека американските сили може да го заштитат Гуам од нуклеарните закани од Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море