ГСОЛ: Фени индустри повторно произведува

Од:

Фени индустри повторно произведува, а враќањето во производство доаѓа по само еден месец откако компанијата потпиша договор со Еуроникел, нашето претставништво во Македонија, порачуваат од ГСОЛ.

– Завршувањето на првиот производ на Фени индустри и враќањето во производство е доказ за нашата континуирана заложба за воспоставување на нова перспектива и иднина за „Фени“, нејзините вработени и сите засегнати страни поврзани со успешното работење. Ние го покажавме нашиот капацитет во обезбедување ресурси, знаење од индустријата и оперативното лидерство на „Фени“. Нашите финансиски и оперативни обврски, денес почнаа да резултираат и ќе бидат од корист за локалната и пошироката заедница, вработените и сите партнери, изјави Маркос Камхис, директор на ГСОЛ.

Тој нагласи дека тоа е првиот чекор кон дефинитивно решение за проблемите на „Фени“.

ГСОЛ е компанија формирана во 2009 година. Преку Еуроникел претставништвото во Македонија, беше единствената компанија која се огласи на јавниот повик на стечајниот управник на „Фени“за соработка. Како што велат според договорот веќе имаат вложено повеќе од 20 милиони евра во иднината на Комбинатот и работат на тоа да стане водечки европски производител на фероникел.

Би можело да ве интересира

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов

Исклучени печките во „Фени“, вработените една седмица на работа, три дома со 70 % плата

Маја Илиевска-Пачемска

„Еуроникел“: Нема отпуштања во „Фени“ ниту фабриката се продава, почнува плански ремонт

Маја Илиевска-Пачемска