Град Скопје: 82 дена беа доволни да се исчистат над 150 диви депонии

Од:

Градоначалничката Арсовска во предизборната кампања вети дека ќе бидат исчистени детектираните диви депонии кои придонесуваат за загадување на воздухот кој го дишат скопјани и токму тоа беше еден од главните приоритети кои се веќе реализирани, велат од Град Скопје.

„На новата градска администрација и беа доволни 82 дена да бидат целосно исчистени над 150 диви депонии кои што претставуваа извор на загадување за секое населено место. За дел од исчистените диви депонии постои можност за зазеленување на површините, а во наредниот период се отпочнува со реализација на новиот мега парк во општината Ѓорче Петров, токму на местото каде што во изминатите години беше една од најголемите депонии во Скопје на над 10 илјади метри квадратни“, соопштува Град Скопје.

„СДСМ да се посветеше на овој проблем во изминатите четири години, ќе знаеше точно кои се ингеренциите на Град Скопје во однос на депониите и кои се процедурите на решавање на дивите депонии на јавните површини и оние на приватни имоти. Но, за жал како и во минатото, продолжуваат да се служат со лаги и манипулации, за да ја покријат сопствената неспособност и фактот дека не можат да се помират со поразот од локалните избори е зошто секој ден континуирано се служат со напади и саботажи.

Инспекторатот на Град Скопје е секојдневно на терен се со цел лоцирање и санкционирање на сите кои што свесно и од лукративни побуди придонесуваат за загадување на воздухот. Секој кој одлага кабаст отпад на јавна површина или пак приватен имот ќе биде соодветно санкциониран и Скопје нема повеќе да биде една голема депонија како што во изминатите четири години го претвори претходната локална власт предводена од СДСМ.

Главен императив на Град Скопје останува зголемувањето на зелените површини и разубавувањето на секое населено место каде што скопјани ќе можат да го поминат своето слободно време“, се додава во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он