Горива од Албанија на македонскиот пазар имало и во 2016 година

Од:

Истражувањата покажаа дека околу 80 милиони килограми гориво со сомнителен квалитет од Албанија биле увезени во Македонија во текот 2016 година, од кои количини најмногу е увезено екстра лесно гориво, кое гориво и доколку квалитетот е во законски пропишаните рамки, станува збор за гориво со лош квалитет, поради што во европските земји одамна не е во продажба.

Според нашите извори голем е бројот на фирми од Македонија, кои увезувале гориво од Албанија во текот на 2016 година, меѓу кои поголеми увозници се:АЛОВ АД Илинден Скопје, ГП Оил ДОО Скопје, Сан Петролеум од Скопје, , Супертрејд ДОО- Скопје, Гуливеринженеринг–Скопјеи др.

Една од наведените компании, Супертрејд ДОО Скопје, за која објавивме дека е увозник на горива од Албанија и во 2017 година, даде демант до нашата редакција, во кој наведува дека увозот од Албанија е правен бидејќи во текот на 2017 година била блокирана границата со Р. Грција, без да прилози докази за истото. Но, границите со Грција не беа затворени во 2016 година, кога Супертрејд ДОО Скопје исто така увезувал гориваод Албанија.

Скандалот со „шкарт“-нафтата од Албанија изби кога косовската Царина запре 40 цистерни со албанска нафта при обид за влез на Косово, по што анализите потврдија дека се работи за нафта со лош квалитет. Косовските бизнисмени обвинија дека во увозот на спорната нафта во Косово учествуваат и македонски фирми.

Екологистите веќе порачаа дека скандалот мора да се разјасни, а увозот на неквалитетна нафта да се спречи веднаш, затоа што влијанието врз животната средина е катастрофално за Македонија – земја чии градови се во светскиот врв според загадувањето на воздухот. Според некои светски истражувања, горивата со лош квалитет загадуваат и до 20 пати повеќе од стандардните, а со нивната масовна употреба ризиците за заболувања од рак и болести на дишните патишта се многукратно зголемени, велат екологистите.

Понатаму, скандалот има и сериозни економски импликации – „шкарт“ – горивата најчесто се продаваат по пониска цена и на „црно“, со што се создава нелојална конкуренција на нафтените компании кои работат според стандардите и се стимулира сивата економија. Во случајот, постои основано сомнение дека е оштетена и државата, што би морало да биде аларм за институциите темелно да го истражат и разјаснат овој случај.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека сè уште не спровеле вонредни контроли за квалитет на нафтата која се продава во Македонија, и покрај наводите во медиумите и сомневањата дека големи количества од оваа нафта се продале и можеби уште се продаваат во земјава.

Исто така, Царинската управа не дава информација дали извршила проверка на горива кои се увезени од Албанија и каков бил нивниот квалитет.Со тоа случајот отвора прашања за редовноста и ефикасноста на инспекциите и контролите вршени во 2016 година. Доколку навистина биле правени строги контроли според законските стандарди, како е можно толкаво количество на гориво со сомнителен квалитетда помине низ државните контроли и инспекции без да биде проверено?

Би можело да ве интересира

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Нови цени на горивата

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов