Глутен: Се што треба да знаете

Од:

За глутенот денес многу се зборува, но кои информации се всушност точни? Многу луѓе се повеќе преминуваат на храна без глутен, но малку луѓе знаат што е глутен, и често до нив доаѓаат погрешни информации.

Глутенот всушност се протеини кои се наоѓаат во пченицата, ’ржта и јачменот. Постојат повеќе митови во врска со штетноста на глутенот.

Глутенот дебелее

Тоа не е вистина. – Она што дебелее се калориите и колку што е поголема нивната количина, толку повеќе се дебелееме. Сите намирници имаат калории и затоа етикетите на дебелеење не можат да се стават само на намирници со глутен. Се дебелее ако многу јадете, вели Кристен Киркпатрик од клиникат Кливленд. Taa додава дека некои производи без глутен можат да имаат повеќе калории, отколку оние кои содржат глутен, поради тоа што имаат дополнителен шеќер.

Глутенот е дел од „чистата“ исхрана

Поимо чиста исхрана се однесува на храна која вклучува само органски намирници од цело зрно или исклучиво овошје и зеленчук. Значи, чистата исхрана е таа која вклучува строго одредени намирници и нема простор ниту за какви било други за кои се смета дека не се квалитетни. Глутенот не е дел од таква исхрана. Тој може да се јаде со сите други намирници – и месо, и овошје и зеленчук.

Глутенот е лош

Ова денес е многу раширено верување, но не е вистинито. Многу луѓе преминуваат на храна без глутен, а за тоа воопшто нема потреба, бидејќи глутенот на организмот не му предизвикува никаква штета. Глутенот сам по себе не е претерано вреден, но намирниците чиј дел е тој, се исклучително нутритивно вредни. Ако не мора да го избегнувате глутенот, штета е да ја исфрлите оваа намирница од исхраната.

Глутенот предизвикува рак

Тоа е мит. Многу луѓе веруваат дека глутенот предизвикува рак, но експертите истакнуваат дека тоа не е вистина. Со други зборови, просечна личност која јаде намирници со глутен, нема поголем ризик за заболување од рак од лице кое не јаде глутен. Она што може да предизвика сериозни здравствени потешкотии, е недоследност во исхраната кај лица кои имаат целијакија и кои не ја лекуваат. Ако имате целијакија, мора да се придржувате до сите лекарски совети. Ако немате, тогаш не мора да стравувате дека намирниците кои содржат глутен ќе предизвикаат рак.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска