Германската канцеларка Ангела Меркел денес вети помош од 100 милиони евра за најтешко погодените места од поплавите, кои претходните денови зафатија неколку држави во централна Европа.
Државата е подготвена веднаш и без компликации да овозможи помош од 100 милиони евра истакна Меркел при денешната посета на градот Пасау.
Како што наведува агенцијата „Франс прес“ германската канцеларка наведе дека помошта треба да пристигне, додавајќи дека ќе бидат потребни повеќе недели, за штетата да биде надокнадена.
Според медиумите најмалку 10 лица загинаа во поплавите кои последните денови ги зафатија Германија, Австрија и Чешка.
Елена Георгиевска