Гарет: Балансираноста и непристрасноста – клучни принципи за одговорно и веродостојно покривање на политичките настани

Од:

Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, излезе со коментар за гостувањето на лидерот на опозицијата Зоран Заев на вестите на Сител ТВ.

„Го гледав Дневникот на Сител вчера вечер. Реакциите се значајни, не само затоа што е многу редок настан опозициски лидер да има настап на националните најгледани канали. Ова исто така покажува колку многу на луѓето им е важно и колку се битни принципите на медиумските слободи во демократиите, вклучително и во Македонија.

Не сум експерт за медиуми и не би можел во детали да коментирам за синоќешната програма.

Тоа е одговорност на медиумските тела, вклучително и Агенцијата за медиуми како регулатор, чиј одговор го нотирав денес. Овие тела треба во целост да одговорат на ваквите појави за да се зајакне довербата на јавноста во медиумскиот сектор. Балансираноста и непристрасноста и почитувањето на законите се клучните принципи за одговорно и веродостојно покривање на политичките настани.”