ФЗОМ целосно го подржува Предлог-законот за прекинување на бременост

Од:

Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека целосно го подржува Предлог-законот за прекинување на бременост доставен од Владата на Република Македонија.

Од Фондот потенцираат дека доставениот Предлог-закон по својата суштина и материјална содржина е соодветен на веќе постојната важечка легислатива во Република Македонија, која е донесена во седумдесетите години на минатиот век.

Со овој Предлог-закон, како што се наведува, се напуштаат иделошките примеси од типот „Основна организација на здружен труд – ООЗТ“, „Организација на здружен труд-ОЗТ“ и слично.

Особено сакаме да истакнеме и да го поздравиме фактот дека со овој Предлог-закон не се ограничува правото на избор на жената за предвремено прекинување на бременоста, туку истото е оставено како апсолунта категорија на личен избор, согласно предложениот член 2, став 1 „Прекинување на бременоста е посебна медицинска интервенција за која слободно одлучува бремената жена“, стои во соопштението.

Со оваа одредба, посочуваат од Фондот, Македонија се уште се вбројува во земјите кои што имаат полиберален пристап во регулативата на оваа сензитивна материја.

До 10-тата недела, бремената жена самостојно одлучува без никаков проблем за прекинувањето на бременоста, освен ако за тоа постојат сериозни медицински индикации, а дополнително, на барање на бремената жена, првостепената комисија може да одобри и прекинување на бременоста и по 10-тата недела поради повеќе причини, меѓу кои: кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста представува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето, откога врз основа на научни сознанија може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци, кога до зачнувањето, дошло во врска со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење, и кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, метеријални или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје. Овие одредби се клучниот сегмент кој го прави нашето законодавство либерално во поглед на прекинувањето на бременоста. Фондот за здравствено осигурување го подржува секој закон кој што е во прилог на промоција на заштитата на здравјето и унапредување на правата на пациентите, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти

МЗ: Значително унапредена раната детекција на најчестите малигни заболувања