ФРОДЕМ: Ако има нерегуларности изборите треба да се повторат

Од:

„ФРОДЕМ им честита на граѓаните што во голем број излегоа на изборите. Изборниот модел за  жал, ги фаворизира само големите партии и не ги одразува различните опции во земјата во десницата, левицата и политичкиот центар.  Режимот со сите неправилности и сторен изборен криминал доживеа тежок пораз.

На овие избори, поради малата разлика за тоа кој ќе ја води земјата секој глас е  значаен. Затоа не смее ни да се помисли дека било кој глас не е од одлучувачко значење. Не смее да се случи ничиј глас да биде етикетиран како занемарлив. Изборниот резултат ќе биде законит само доколку секој глас е валиден и еднакво третиран. ДИК и другите органи најодговорно и законито треба да постапат по сите приговори. Режимот веднаш треба да престане да се заканува и да врши притисок врз  ДИК. Секој глас законито и јавно треба да биде преброен. Доколку тоа не се случи, тогаш изборите во целина не треба да се признаат и веднаш истите треба да се повторат!

МВР поднесе 7 кривични пријави, а 18 се приведени поради основано сомнение за вршење повеќе дела на изборен криминал. Треба докрај сериозно да се истражи дали овие осомничени лица се дел од злосторничко здружение кое оперирало на цела територија и со тоа влијаеле на севкупниот резултат. Додека тоа не се утврди не може да има законит изборен резултат. За ФРОДЕМ несовпаѓањето на копиите и оргиналите од записниците од избирачките одбори што го објави опозицијата е сериозен индикатор за изборен криминал но исто така и работата на информатичката служба на ДИК е спорна и е под сериозно сомнение.

Во извештајот ОБСЕ/ОДИХР јасно и недвосмислено е посочено дека изборите се одвиваа во атмосфера на недоверба на јавноста во институциите и политичкото уредување; дека имало заплашување на гласачи, широко застапен притисок врз јавните службеници, купување гласови, принуда и злоупотреба на административни ресурси во текот на целата кампања. ОБСЕ/ОДИХР наведува сериозни процедурални пропусти на голем број на гласачките места, а броењето беше негативно оценето кај 10 набљудувани Избирачки одбори. Тоа првенствено се однесува на постапките пред отварањето на избирачките кутии, вклучително и броењето на бројот на потписи и неискористени гласачки ливчиња, и верификувањето на бројот на безбедносни ленти за гласачки кутии. По броењето, 16 наблудувани Избирачки одбори имале потешкотии при пополнувањето на протоколите за резултати, а 14 Избирачки одбори не ги следеле процедурите за пакување чуствителен материјал и гласачки ливчиња“. Речиси истите забелешки се забележани и од граѓанската асоцијација „Мост“ и невладината „ЦИВИЛ“. Дополнително Народниот правобранител наведува дека до него се пристигнати рекордни 145 пријави. Сите што поднеле претставки ги има на електронската апликација на Избирачкиот список на веб-страната на ДИК, кој е заклучен, но кога отишле да гласаат на испечатениот список на гласачи на местата кај што гласале, или биле во списокот на гласачи со ѕвездичка (кај дијаспората), или воопшто ги немало. Некој мора да одговори зошто електронските  списоци на гласачи  не кореспондираат со отпечатените списоци по избирачки места?         Исто така бараме одговор зошто на изборите на една третина од затворениците им беше ускратено гласачкото право.

ДИК не смее како и досега преку партиско надгласување да премине преку овие утврдени сериозни и загрижувачки неправилности. Членовите на ДИК мора да знааат дека суверенитетот произлегува и им припаѓа на граѓаните. Тие го даваат и земаат на избори. Тие што го повредуваат избирачкото право и оние кои истото го легализираат се антидржавен елемент и треба да сносат одговорност“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска