Филмски фестивал „Тинтири-минтири“ во Кинотека

Од:

Кинотека на Македонија ја соопшти филмската програма за јуни. На почетокот на месецов, од 5-ти до 7 јуни ќе се одржува филмскиот фестивал „Тинтири-минтири“ со по неколку проекции во три дена.

– Увертира на програмата за јуни е првиот Тинтири-минтири фестивал каде ќе се прикажуваат филмови за деца, но и од деца. На овој начин, Кинотеката го продолжува континуитетот во воспитувањето на идната кино-публика, на идните консументи на културни продукти, а се надеваме дека од тоа ќе се изнедри и по некој автор, соопшти Кинотеката.

Во програмата за јуни Кинотеката ја издвојува и програмата на Францускиот филмски фестивал во чии рамки годинава ќе бидат прикажани два филма кои се типични репрезенти на современата француска филмска продукција.

Во првите денови од јули, пак, во Кинотеката ќе се одржува „Скопје синема сити“ – фестивал на музички филмови. Ќе бидат прикажани шест документарци кои се однесуваат на популарната музика. Од нив еден е македонски – „Уметници за жици“ во режија на Александар Јанковиќ и Александар Даутовски.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ