Филхармонија ги откажа сите концерти до крајот на месец март

Од:

Согласно новонастанатата ситуација во нашата земја и водејќи се од најновата препорака од Владата која беше донесена на 10 март 2020 година, а истата се однесува за одложување на јавните собири и настани, НУ Филхармонија ги одлага сите концерти заклучно со крајот на месец март.

„Средствата за билетите што нашата публика веќе ги има купено на билетарница ќе им бидат вратени, а доколку билетите се купени онлајн, тогаш купувачите треба да испратат електронска порака на [email protected]. Во неа треба да го наведат бројот на нарачката, датумот и саатницата кога е иницирано плаќањето и средствата ќе им бидат рефундирани по електронски пат“, информираат од Филхармонија.

Билетарницата на Филхармонија ќе работи од понеделник до петок со скратено работно време од 10-14 часот.

За понатамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска