Фемен ја нарушија прославата на Националниот Фронт во Париз

Од:

Три припаднички на Фемен со голи гради се појавија на балконот на зградата на плоштадот Опера во Париз, додека лидерката на крајно десинчарската партија Национален Фронт, Марин Ле Пен држеше говор пред статутата на Јованка Орлеанка.

Во таа прилика тие развеаа на зградата знамиња на кои беше напишано „Хајл Ле Пен“, правајќи нацистички поздрави кон приврзаниците на НФ, јави дописникот на МИА од Париз.

Веднаш потоа припадничките на Фемен беа брутално отстранети од местото на настанот и по околу петминутен прекин, Марин Ле Пен успеа да го заврши својот говор.

Годинава таа беше на челото на поворката на симпатизерите на НФ, додека нејзиниот татко Жан Мари Ле Пен се најде на крајот од поворката откако меѓу нив дојде до недозрабирање по изјавите на таткото Ле Пен дека „Гасните комори се мал детал од историјата“.

Националниот Фронт од 1988 година дефилира за 1-ви мај, наместо на 8-ми мај кога се слави празникот на Јованка Орлеанка, со главна цел да прикаже дека неговата политичка борба е насочена кон заштитата на сите и посебно на работниците.

Овие негови манифестации, пропратени со инциденти го ставаат во втор план традиционалното Прво мајско славење во Франција, каде годинава синдикатите ќе дефилираат разединето.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден