Евробаскет 2015: Чешка ја елиминира Хрватска

Од:

Репрезентацијата на Чешка го направи најголемото изненадување во досегашниот тек од Евробаскет 2015, откако денеска во осминафиналната пресметка ја совлада фаворизиранатаХрватска со убедливи 80:59.

Уште по првата четвртина (20:13) Чешка ја најави победата, за на полувреме да се замине со 48:31. По третиот период резултатот изнесуваше 65:43, за на крајот Чесите да триумфираат со убедливи 21 поен разлика.

Противник на Чешка во четвртфиналето ќе биде победникот од дуелот Србија – Финска што се игра со почеток од 14:30 часот.

До крајот на денот ќе се одиграат последните две осминафинални средби:
Израел – Италија (18:30)
Литванија – Грузија (21).

Би можело да ве интересира

Избрана идеалната петорка на Евробаскет 2015, Гасол прогласен за МВП

Ана Ололовска

Шпанија нов европски шампион во кошарка

Емир Латифовиќ

Повторно соборен рекордот по број на гледачи на Евробаскетот

Ана Ололовска

Шпанија прв финалист на Евробаскет

Ана Ололовска

Евробаскет: Литванија по продолжение до победата над Италија

Ана Ололовска

Франција противник на Шпанија во полуфиналето на Евробаскетот

Ана Ололовска