Елвис Присли и остави 100 милиони, и останаа само 14.000 долари

Од:

Ќерката на „кралот на рокенролот“, Лиса Мери Присли, на 25 години, во 1993 година го наследи сиот имот на Елвис Присли кој тогаш имаше вредност од околу 100 милиони долари.

Елвис Присли почина кога неговата ќерка имаше само девет години, а неговото богатство беше проценето на неколку милиони долари, но вкупната вредност на брендот „Елвис“, вклучувајќи го и познатиот имот Грејсленд имаше вртоглава сума.

Лиса Мери сега тврди дека и останале само 14.000 долари и го обвини поранешниот менаџер Бери Сигел дека го уништил нејзиното богатство. Таа тврди дека Сигел лошо управувал со наследството на нејзиниот татко.

Сепак, таа се уште е сопственик на Грејсленд, имотот на Елвис кој и денеска е голема туристичка атракција.

Сигел на прозивките одговори дека за пропаста на наследството е одговорна ќерката на Елвис Присли. Тој ја обвинува дека живеела расипнички живот и порача дека мора да ја преземе одговорноста за сопствените постапки.

Сигел во 2005 година продаде 85 проценти од компанијата „Elvis Presley Enterprises“. Тоа според него морало да се направи бидејќи Лиса Мери Присли должела околу 20 милиони долари.

Таа пак смета дека парите исчезнале поради неговите вложувања во „Core Entertainment“, компанијата која стои зад „Американски идол“ и која банкротираше во 2016 година.

Лиса Мери има спор околу имотот и со четвртиот маж Мајкл Локвуд, со кого е во тек разводот.

Таа тврди дека има долгови од 16 милиони долари, додека нејзиниот сопруг вели дека тоа и не е вистина и јавно ја повика да обелодени колку имот има и реално да ја прикаже вистинската вредност.

Лиса Мери се бави со музика како и нејзиниот татко, а до сега има издадено три албуми.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска