Дубаи го гради најголемото панорамско тркало во светот

Од:

Најголемото панорамско тркало во светот наголемо се гради на вештачкиот остров Блувотерс, во близина на брегот на Дубаи.

Оваа 210 метри висока атракција што ја гради „Meeras Holding“, ќе го потисне на второто место досегашниот рекордер, „High Roller“ во Лас Вегас (167,6 метри).

Панорамското тркало во Дубаи ќе има 48 луксузни капсули што можат да примат 1.400 посетители и да понудат поглед на највисоките знаменитости на градот, како што се Бурџ Ал Араба, Палм Џумејр и Бурџ Калифа.

На тркалото ќе биде монтиран 80 метри висок ЛЕД екран што треба да го направи единствена електронска платформа за прикажување филмови, реклами и интерактивни информации.

Во неговото опкружување ќе биде отворено шеталиште со мали ресторани и продавници кои нудат свежи производи.

Островот Блувотерс на кое се гради панорамското тркало ќе има и хотел со пет ѕвездички.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска