dpm

ДПМ го распиша конкурсот за наградата „Державин“

ДПМ го распиша конкурсот за наградата „Державин“

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за наградата „Державин“ за поетска книга која со своите содржински специфики и естетски вредности успешно се вградува во новите развојни процеси на македонската литература. Наградата, што го носи името на Гаврило Романович Державин, е востановена минатата година со парична донација од Славјанскиот универзитет од Свети Николе, по […]

ДПМ бара преиспитување на лектирите за основно и средно образование

ДПМ бара преиспитување на лектирите за основно и средно образование

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешното редовно Годишно собрание покрена Иницијатива за преиспитување на лектирата за основно и средно образование. Оценка на ДПМ е дека содржината на лектирата во голем дел е застоена и не кореспондира со вистинските потреби на образовниот процес и на интересирањата, нивото и сензибилитетот на новите генерации ученици од […]

ДПМ ќе расправа за преиспитување на лектирите

ДПМ ќе расправа за преиспитување на лектирите

Иницијативата на Друштвото на писателите на Македонија за преиспитување на лектирата во основното и средното образование ќе биде тема за расправа на редовното Годишно собрание на македонската писателска асоцијација што ќе се одржи денеска. Собранието ќе го отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, што ќе биде вовед во дебатата за актуелните состојби во лектирата како […]

Ново издание на манифестацијата „Празник на липите“

Ново издание на манифестацијата „Празник на липите“

Во организација на Друштвото на писателите на Македонија денеска во Скопје ќе се одржи Меѓународната поетска манифестација „Празник на липите“. Како што соопшти ДПМ, во првиот дел од манифестацијата, во домот на македонските писатели ќе бидат врачени наградите „Книжевно жезло“ на македонскиот поет Стојан Тарапуза и поетот од Косово Еќрем Баша. Наградите ќе ги врачи […]

Делегација на ДПМ ќе му оддаде почит на поетот и револуционер Кочо Рацин

Делегација на ДПМ ќе му оддаде почит на поетот и револуционер Кочо Рацин

Друштвото на писателите на Македонија ќе му оддаде почит на поетот и револуционер Кочо Рацин, основоположник на современата македонска литература. Делегација на ДПМ вечер во 20 часот во Спомен-костурницата во Велес ќе положи цвеќе во негова чест. Традиционалната Беседа за Рацин на годинашните Рацинови средби ќе ја има Мишел Павловски, кој ќе ја предводи делегација […]

Иницијатива на ДПМ за преиспитување на лектирата за основно и средно образование

Иницијатива на ДПМ за преиспитување на лектирата за основно и средно образование

Друштвото на писателите на Македонија соопшти дека на претстојното редовно годишно собрание, закажано за 22 јуни, ќе покрене иницијатива за преиспитување на содржините на лектирата за основно и за средно образование. – ДПМ оценува дека содржините на лектирата што им се нуди на учениците во голем дел е застоена и не кореспондира со вистинските вредности […]

Втор „Балкански поетски Вавилон“ во ДПМ

Втор „Балкански поетски Вавилон“ во ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија денеска го организира второто издание на манифестацијата „Балкански поетски Вавилон“ на која се претставува творештвото на истакнат поет од литературите на Балканот. Како што најави ДПМ, ќе биде презентиран поетски портрет на словенечкиот писател и научник Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Словенија во Македонија. За неговото поетско творештво ќе зборува […]

Бистрица Миркуловска добитничка на наградата „Даница Ручигај“

Бистрица Миркуловска добитничка на наградата „Даница Ручигај“

Поетесата Бистрица Миркуловска е добитничка на наградата „Даница Ручигај“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација. Наградата на Бистрица Миркуловска и е доделена за стихозбирката „Фатаморгана“ објавена во издание на „Академски печат“ од Скопје. Признанието ќе биде врачено на манифестацијата „Празникот на липите“ што […]

За 25 години соработка меѓу ДПМ и СБП реализирани бројни проекти и преводи

За 25 години соработка меѓу ДПМ и СБП реализирани бројни проекти и преводи

Со потпишувањето на првиот договор за соработка меѓу Сојузот на бугарските писатели и Друштвото на писатели на Македонија во 1992 година официјално се востановија врските меѓу двете друштва и беше отворена можноста за соработка која 25 години подоцна резултираше со бројни преводи на дела од македонски автори на бугарски јазик и на бугарски автори на […]

Книжевна средба за Гане Тодоровски во ДПМ

Книжевна средба за Гане Тодоровски во ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска со книжевна средба „Седум навраќања кон темата Гане Тодоровски“ му оддаде почит на големиот поет и го одбележа денот на неговото раѓање. Средбата ја отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а беседи за Гане Тодоровски имаа Георги Сталев, Иван Чаповски, Олга Панкина, Раде Силјан, Димитар Пандев, Трајче Кацаров […]

Беседења за Гане Тодоровски во ДПМ

Беседења за Гане Тодоровски во ДПМ

Книжевна средба под наслов „Седум навраќања кон темата Гане Тодоровски“ денеска напладне ќе се одржи во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Средбата ќе ја отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а беседи за Гане Тодоровски ќе имаат Георги Сталев, Иван Чаповески, Олга Панкина, Раде Силјан, Димитар Пандев, Трајче Кацаров и Панде Манојлов. Ќе бидат […]