Димовски: 11 гранкови синдикати дадоа поддршка за смена на Митревски

Од:

Како реакција на денешната прес-конференција на секретарот на Советот на ССМ, попладнево преку соопштение в.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски уште еднаш информира дека одлуката за смена на Живко Митревски е донесена со поддршка од 11 гранкови синдикати. 

Во реакцијата се наведува дека Митревски вчера доставил писмо до неколку претседатели на гранкови синдикати во кое бара бланко поддршка.

– Со писмото тој од претседателите на синдикатите бара бланко поддршка, заборавајќи дека тие не се членови на Советот на ССМ и немаат право на глас. За таа цел, тој со писмото им достави и бланко информација во која послушните претседатели треба само да го напишат називот на синдикатот. Напоменуваме дека ова парче хартија нема својство на никаков документ со која тој може да ја оспори легитимната одлука на Советот на ССМ од 13 ноември 2016 година за негово отповикување, односно смена, се вели во реакцијата.

Секретарот на Советот на ССМ, Методија Димовски денеска на прес-конференција презентираше документи со кои тврдеше дека 13 од вкупно 17 гранкови синдикати потврдуваат дека никогаш не ја разгледале иницијативата за отповикување на претседателот на ССМ и оти нивните членови на Советот не присуствувале на седницата одржана на 13 ноември.

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

ССМ на протест пред Врховен суд поради одлуката со која се одзема Работничкиот дом

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

ССМ бара повторување на постапката за конфискацијата на Работничкиот дом, најавува и протести