(ВИДЕО) ДИК: 27 кандидати за градоначалници собраа потписи за локалните избори

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска објави дека потребниот број потписи ги собрале 27 независни каднидати за градоначалник и 47 листи на кандидати за членови на советите. Рокот за собирање потписи за независни кандидатури заврши синоќа на полноќ, а потписи собираа 27 кандидати за градоначалници во 16 општини и 48 листи на советници во 21 општина.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на прес-конференција рече дека потписи на листи на кандидати за градоначалник се собрани за 22 општини и тоа Битола, Брвеница, Валандово, Вевчани, Градско, Дебарца, Дојран, Зрновци, Кавадарци, Маврово и Ростуше, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Охрид, Петровец, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Центар, Чашка и Чучер Сандево.

Потписи за листи на кандидати за членови на Совет се собрани во 27 општини и тоа Битола, Богданци, Гевгелија, Градско, Дебарца, Дојран, Долнени, Зрновци, Кавадарци, Карбинци, Кичево, Кочани, кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Охрид, Петровец, Пробиштип, Радовишп, Ранковце, Старо Нагоричане, Чучер Сандево и Штип.

Гугучевска потсети дека рокот за поднесуваање на листи на кандидати за градоначалници и членови на советите истекува на 14 септември на полноќ, а досега нема поднесено ниту една кандидатура за локалните избори 2017 до Општинските изборни комисии (ОИК) закажани за 15 октомври.

Запрашана дали министерот за здравтво Арбен Таравари ќе може да биде министер и кандидат за градоначалник, Гугуческа рече дека коментар за неспоивост на функции ќе може да даде откако ќе биде поднесена официјална кандидатура.

– За ДИК и за ОИК се уште нема ниту еден официјален кандидат. Откако ќе биде поднесена официјална кандидатура за кој било кандидат за градоначалник или за член на совет ќе можеме да коментираме за неспоивоста на функциите, рече Гугуческа.

ДИК бо текот на оваа недела ги очекува податоците за тоа колку општински изборни комисии имаат блокирани сметки или кои би имале потешкотии со финансирањето на локалните избори.

– ДИК е во комуникација со ЗЕЛС, како и со Министерството за финансии по ова прашање. Побаравме официјален податок на колку и на кои општини им се евентуално блокирани сметките и кои ќе имаат проблем при евентуално финансирање на ОИК. Досега го немаме вкупниот податок, но ние минатата недела и вчера одржавме работилници со за едукација на ОИК. Досега тие не пријавија никаков проблем во однос на финансирањето, рече Гугучевска.

Откако во ДИК ќе дојдат конкретните податоци, според неа, ќе се изнајде начин да бидат финансирани изборите во тие општини. Изборниот законик, како што кажа, ја дава можноста во општините каде што постои таков недостаток изборите да бидат финансирани од централниот буџет.

Би можело да ве интересира

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

ДИК ги потврди кандидатурите за претседател на државата

Горан Наумовски

ДИК треба да ги потврди претседателските кандидатури

Катерина Ѓуровски

Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората

ДИК за ставањето на Јакимовски на црната листа на САД: Условите за избор на претседател се содржани во Уставот

Предраг Петровиќ

ДИК: Увид во Избирачкиот список направиле 46 584 лица, рокот за проверка на податоците истекува на полноќ