Дезир: Брзо формирање влада што ќе спроведе реформи

Од:

Франција со големо внимание ги следи најновите политички случувања во Скопје и апелира за брзо формирање на влада што ќе ги спроведе реформите како предуслов за натамошно приближување на земјата кон Европа.

Ова го наведува министерот за европски прашања Арлем Дезир во пишана изјава во која додава дека Уставот, резултатите од парламентарните избори од 11 декември 2016 година и демократските принципи треба да се почитуваат.

– Ние ја поддржуваме заложбата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини за излез од политичката криза, за време на нејзината неодамнешна посета на Република Македонија и апелираме за брзо формирање на влада која ќе ги спроведе реформите како предуслов за натамошно приближување на земјата кон Европа, вели Дезир.

Во официјалното соопштение на Француското Министерство се наведува дека Франција ги повикува сите страни на воздржаност, чувство на одговорност и дијалог и да ја искажат својата посветеност кон регионалната стабилност.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов