Демократски сојуз 15 години

Од:

Демократски сојуз на свечена седница ја одбележа 15-годишнината од формирањето.

На свеченоста на која присуствуаа над 500 граѓани, како и голем број на гости, преставници на политички партии и дипломати, зборуваа претседателот на младите Миодраг Димов и Драгана Кирпијановска, член на Претседателството и заменик министер за надворешни работи.

Пред присутните, во својот говор, Павле Трајанов нагласи ”Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува и која постојано е во движење и со свој идентитет и интегритет, партија која секогаш поаѓа од националните интереси и државни приоритети.”

Зборувајќи за актуелната политичка криза рече: “Оваа длабока политичка криза мора да се реши со политички дијалог, но и со системски промени и кадровски резови.”

Преку аферите: “се покажа грдото лице на алчноста за власт и пари на голем број политичари.”

Трајанов побара да се создадат еднакви услови за работа за домашните и странските компании, а платите во компаниите со странски капитал да бидат како во нивните матични држави, нагласувајќи дека минималната плата треба да се зголеми двојно.

За да имаме фер и демократски избори, како и намалување на можностите за кршење на изборните правила, Павле Трајанов предложи Македонија да биде една изборна единица, без изборен праг и со отворени листи.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски