Демир Хисар – Град на културата: Почеток со свечено дефиле и традиционалниот Велигденски фолклорен фестивал

Од:

Денес во Демир Хисар, со традиционалниот фолклорен Велгиденски фестивал, беше свечено отворена Манифестацијата „Град на културата за 2018 година“. Програмата на отворањето започна со свечено дефиле, по што следуваа настапи на неколку културно – уметнички друштва од градот – домаќин, Битола и Кичево.

Манифестацијата ја отворија градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, кој истакна дека му е особено ми е драго што годинава Демир Хисар ја доби честа да биде град на културата во Македонија, што јасно ја демонстрира и заложбата на културните политики на новата Влада на РМ за децентрализација и деметрополизација на културата.

Министерот Алаѓозовски пред присутните потенцираше дека во оваа година, кога Демир хисар е културна престолнина во нашата земја, а Европа ја прогласи за година на културното наследство, Владата на Република Македонија и Министерството за култура ќе бидат посветени да го негуваат и чуваат она по што Македонија е позната и се гордее во целиот свет, богатото наследство и разните слоеви на цивилизации и култури напластени на овие Простори низ историјата.

„Во таа смисла, не случајно оваа општина е град на културата на Македонија за 2018-та година. Имаме обврска и кон богатото културно наследство на Демир Хисар, за жал недоволно истражувано, ниту пак заштитено или промовирано онака како што заслужува.

Тука се манастирот „Свети Јован Претеча“, црквите „Св. Јован Богослов“ и „Свети Никола“ во Слепче, манастирот „Свети Никола“кај Слоештица, црквата „Света Петка“ во Жван – сите од XIV век, потоа црквата „Влашки гробишта“ во урнатини во село Обедник; има локалитети со делови од населби, тврдини, некрополи, фрагментарна керамика и сл. во Граиште, Жван, Железнец, Зашле и Обедник; Неодминлив и важен дел од историјата на овој крај и нашиот народ од Илинденскиот период се гробот и споменикот на Даме Груев, Меморијалниот музеј на Смилевскиот конгрес и на учесниците во Илинденското востание во селото Смилево, гробницата на 15 востаници во Слепче, а тука се и повеќе споменици од периодот на НОБ“, рече министерот Алаѓозовски.

Според министерот за култура, имаме обврска да се однесуваме одговорно кон нашата култура и традиција, да го чуваме и заштитиме нашето богато културно наследство и да придонесуваме за одржлив културен развој на земјата, насекаде и за сите граѓани еднакво.

„Богатствата што се секаде околу нас не се само обврска и завет, туку и ресурс кој може помогне да го донесеме тој развој, како и инспирација за и ние да оставиме вакви вредности за идните генерации“, истакна Алаѓозовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ