Делев: Дали бројчаникот кој СДСМ толку го најавуваше прегоре од сегашните енормни задолжувања?

Од:

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека државата е на работ на економски колапс и дека водена од, како што кажа, црна тројка за македонската економија Заев, Анѓушев и Тевдовски, Македонија чекори кон банкрот.

– Владата на СДС во вторник ќе ја задолжи државата за скоро 62 милиони евра. Во екот на предизборната кампања министерот за задолжување издава широка палета на државни хартии од вредност составена од: 6 месечни записи, 12 месечни записи, 2 годишни обврзници, 3 годишни обврзници и 15 годишни обврзници, со и без девизна клаузула. На расипништвото на СДС му нема граници. Министерството за финансии пред само недела дена ја задолжи државата за 76 милиони евра, додека до сега има задолжено над 250 милиони евра, вели Делев.

Според него, со најавеното задолжување сумата со која СДСМ за задолжува држава за само 4 месеци ќе се искачи на над 310 милиони евра.

– Да почитувани граѓани, за само 4 месеци СДС ве задолжи за нови над 310 милиони евра. Додека од државните девизни резерви стопи цели 177 милиони евра. Тоа се над 477 милиони евра за само 4 месеци, за кои граѓаните немаат објаснување на што се потрошени. Тоа се 477 милиони евра, кои може да бидат искористени за поткуп на гласови. Дополнително загрижува фактот што во период пред избори Тевдовски, во текот на октомври има закажано дури три аукции за хартии од вредност. За што ќе служат ваквите пари кога знаеме дека досега владата нема реализирано ниту една капитална инвестиција, рече Делев.

Тој додаде ддека додека од една страна државата енормно се задолжува, владата крати огромни суми на пари од повеќе развојни ставки од буџетот и не дава објаснување за штп и како ќе бидат трошени милиони евра со кои ги задолжи граѓаните.

– Граѓаните оправдано стравуваат дека ваквите пари можат да бидат користени за изборен поткуп. Каде е бројчаникот кој толку го најавуваа или тој прегоре од сегашните енормни задолжувања. Хаосот кој СДС го создава мора да запре. Државата не може без прегледно да се задолжува, граѓаните можат да го запрат ова лудило на 15 октомври, кога ќе кажат не за расипништвото на СДС, заврши Делев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска

Мисајловски: Куманово има преубава позитивна енергија која води до Силјановска Давкова

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи, Фридом хаус констатира назадување во борбата со корупцијата и влијанија во судството

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно фалсификати од школата на Асаф, класична монтажа – единствен кој злоупотребува болни е СДС

Мицкоски: Ромите биле, се и ќе останат значаен чинител на македонското мултикултурно општество

Орце Костов