Давос: Село во кое се состанува елитата

Од:

Во Давос, како и секогаш од 21 до 24 јануари се состанува светската елита од сферите на економијата и политиката. Швајцарскиот зимски центар за моментот е центарот на светот. Но како изгледа кога во тоа мало место ќе се најдат толку многу важни луѓе?

Едно е сигурно и оваа година. Во Давос има снег! Исто така е сигурно дека за време на одржувањето на Светскиот економски форум веќе одамна нема расположливи хотелски соби, дури ни во околните и малку поодалечените места.

Учесниците на Форумот, кои на време пронашле какво било сместување, па дури и тоа да е во стилот од ’60-те години од минатиот век се сметаат за среќници.

Освен 78-те средно големи хотели во Давос на располагање има 9.300 кревети во апартмани, како и 2.648 кревети во камповите и хостелите, но со врвни цени. Обична соба во некогашна болница може да чини и 300 евра, под услов да се резервира најмалку за седум ноќевања.

Туристичката заедница во Давос сеедно се рекламира со суперлативи. На крајот на краиштата Давос лежи на 1.560 метри надморска височина, опкружен е со величенствени планински врвови. Тоа место е „највисокиот град на Алпите и место за одмор со меѓународен карактер и широка понуда на капацитети за сместување“.

Давос во суштина е сосема мал град за да во него се одржува Светскиот економски форум. Можеби токму во тоа е шармот на овој собир. Бидејќи оној, кој еднаш ќе се најде тука, тешко дека толку брзо ќе успее да си оди. Возењето до аеродромот во Цирих во најповолните околност трае два часа, делумно преку лизгави планински сообраќајници. Ланците за возилата се задолжителни.

Музејот добро заработува

Малиот музеј Ернст Лудвиг Кирхнер во центарот на Давос, каде се изложуват графики на тој уметник, е всушност затворен од 16 до 26 јануари, но просториите се изнајмуваат.

– За време на Светскиот економски форум нашиот простор би можеле да го изнајмуваме и по два или три пати секој ден, вели портпарол на музејот, Долорес Марк.

Таа не откри на кого се изнајмуваат просториите, но само напомена дека за време на Форумот музејот ќе угости шест компании. Висината на цената е тајна.

Полиција и војска

Логистиката е еден од најголемите предизвици на Светскиот економски форум. Освен официјалните учесници во Давос пристигнуваат и голем број новинари, персонал за обезбедување и дополнителни соработници на локалните хотели и гастрономските понуди. Сите тие некаде треба да се смесат и истовремено да се гарантира безбедноста на гостите.

За тоа е надлежна Кантоналната полиција Граубинде, чиј портпарол Томас Хоби не сакаше да каже колку припадници на силите за безбедност за ангажирани за Форумот.

– Сите полициски управи, вклучувајќи ги и тие на Кнежевството Лихтејнштајн, испраќаат делови од своите сили в Давос. Освен тоа кон Кантоналната полиција се приклучени и околу три илјади припадници на швајцарската војска.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска