ЦУК: 1.873 повици за итни случаи во последното деноноќие

Од:

На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие имало 1 873 повици, од кои „реални“ биле помалку од половината. Вчера немало немало регистрирани пожари на отворено, но имало дури четири регистрирани пожари на оџаци, покрај други ПП интервенции во населени места, информирата од ЦУК.

– Од 1.873 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 44,26%, а 55,74% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон 112 во ЦУК, кон полиција биле упатени 64,86%, кон итната медицинска помош 32,43%, кон пожарникарите 1,02%, а 0,67% кон АМСМ, се вели во соопштението од ЦУК.

Конкретно, пожарникарите од ТППЕ Прилеп во период од 18:25 до 19:30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Цане Илиевски“ бр.97 во Прилеп.

Од ТППЕ Охрид во период од 11:40 до 12:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Сирма Војвода“ во Охрид.

Штипските пожарникари од 14:20 до 15:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на објект на ул. „Енгелсова“ во Штип и пожарникарите од ТППЕ Куманово од 14:05 до 15:20 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запален оџак на ул. „Есперанто“ бр.21.

Овие пожари на оџаци, се вели во соопштението од ЦУК, можат да „преминат“ на објект, куќа, што понекогаш и се случува, па затоа е пожелно граѓаните редовно да ги чистат.

Би можело да ве интересира

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

ЦУК: Пронајдени изгубените велосипедисти на Беласица

ЦУК: Девет пожари на отворено, два се уште активни

Пожарот во тетовско Вешала се проширува, се бара итна воздушна поддршка

Катерина Ѓуровски