Цедевита го доби хрватското дерби во АБА лигата

Од:

Екипата на Цедевита го доби Хрватското дерби во од 8.коло на регионалната кошаркарска АБА лигата.

На натпреварот одигран попладнево во Загреб, кој практично беше реприза финалето од минатата сезона, тимот на Цедевита славеше минимална победа против Цибона со 71:69.
Најефикасен во победничкиот тим беше Роко Лени Укиќ кој покрај 15 постигнати поени имаше и 5 асистенции. Покрај Укиќ, двоцифрен број на поени за Цедевита постигнаа Немања Гордичќ 12 и Иван Рамњак 11.

Во редовите на Цибона, македонскиот интернационалец Владо Илиевски одигра 15 минути и 42 секунди, период во кој оствари учинок од само 3 поени (1 од 2 од поле), 2 асистенции и 2 скока.

Осмото коло во Јадранската лига ќе биде комплетирано вечерва со средбата меѓу македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром и дебитантот Металац, која ќе се игра во СЦ „Јане САндански’’, а ќе започне од 20 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ